Сообракајната полиција вчера казнила 553 возачи, од кои 203 во Скопје

by Fokus

Министерството за внатрепни работи соопшти дека вчера сообраќајната полиција спровела засилена акциска контрола на територијата на целата земја при што изречени се 553 санкции за брзо возење. Само во скопје изрешени се 203 казни, од кои 80 за брзо возење.

„Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 553 возачи. Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 284 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 269 надвор од населено место“, соопшти МВР.

Од МВР соопштија дека Секторот за внатрешни работи Скопје  вчера на територија на градот изрекла  203 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 80 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
„Изречени се три мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал црвено светло, шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за возење под дејство на алкохол“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Поврзани новости