Министерство за внатрешни работи соопшти дека во засилена акциска контрола вчера казниле 336 возачи.
„Во текот на вчерашниот ден (10.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 336 возачи“, соопшти МВР.
Од полицијата велат дека 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
„Притоа 179 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 157 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, соопшти МВР.