Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар, возилата се пренасочуваат

by Fokus

Возилата што се движат по автопатот Тетово-Гостивар, пред клучката за селото Врапчиште се пренасочуваат по спореден пат поради сообраќајна несреќа која се случила околу 15:30 часот, јави МИА.

Според првичните информации на полицијата, до несреќата дошла откако се судриле две патнички возила. Била повикана и брза помош за да се згрижат повредените.

- Advertisements -

Во тек е увид на местото на настанот, а од СВР Тетово најавија повеќе информации за подоцна.

Поврзани новости