662

Вчера попладне во Скопје се случила сообраќајна несреќа во кој со тешки повреди се здобило 26-годишно момче од Скопје и веднаш било хоспитализирано.
„На 23.03.2020 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „кимко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(26) од Скопје и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(43) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
- Advertisements -
