688
На 16.06.2021 во 22.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во Болницата „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди биле донесени М.Ц.(63) од Романија и Т.Ц.(60) од Р.Молдавија.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 18.00 часот М.Ц., кој управувал моторно возило четирицикл „цфмото“, со охридски регистарски ознаки, во кое сопатничка била Т.Ц., на место викано „Крстец“ кон с.Велестово, изгубиле контрола над возилото и излетале надвор од коловозот.
Увид извршила екипа од СВР Охрид.