Сообраќајка во Битола, неколкумина се повредени

by Fokus

МВР информира дека вчера рано наутро во 05.11 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул. „Партизанска“ и ул. „Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.М.(23) од Битола, и патничко возило „шкода“ со хрватски национални ознаки, управувано од Б.Р.(66) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Б.Р. и сопатникот од возилото „бмв“ П.С.(24) од Битола, а со телесни повреди се здобиле А.М. и уште еден сопатник од возилото „бмв“ И.Г.(24) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

 

Поврзани новости