671
Поради сообраќајна незгода, попладнево во прекин беше сообраќајот во двата правци на патниот правец Струмица – Ново Село, пред граничниот премин „Ново Село“.
Нема загинати и повредени во сообраќајката. Според информациите од портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, се случила сообраќајна незгода пред влезот во село Ново Село од правец на Струмица, а во неа учествувале два автомобила.
Предмалку, АМСМ соопшти дека нормализиран е сообраќајот на овој пат.