Сообраќајка на патот Струмица-Радовиш, тројца повредени

by fokus

Вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци, се случила сообраќајна несреќа во која полесно се повредиле три лица, објави МИА .

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

На местото на сообраќајката увид извршила полицијата.

За тоа време, собраќајот се насочувал по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци.

Поврзани новости