Сообраќајка на патот Радовиш-Штип, сообраќајот во прекин

by Фокус

Денес попладне сообраќајот на магистралниот пат Радовиш-Штип, во близина на „Алкопласт“, е во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Поврзани новости