Сообраќајка на патот Крива Паланка – Куманово, возилата се пренасочуваат по стариот пат

by Fokus

Сообраќајна несреќа се случи утрово на патот Крива Паланка – Куманово, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На оваа делница сообраќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по стариот пат.

„Незгодата се случи во 10:10 часот на излез од Крива Паланка“, се вели во соопштението од АМСМ.

Засега нема официјални информации како е предизвикана несреќата и дали има жртви.

Поврзани новости