Сообраќајка на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот е во прекин

by Fokus

Вечерва се случила сообраќајна несреќа на патот Гостивар – Кичево, по што сообраќајот е во целосен прекин, соопштија од АМСМ.

На 12.09.2024 година од 21.20 часот на магистралниот пат А2, Гостивар – Кичево, сообраќајот е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода.

Истиот ќе се пренасочува преку село Рабин, информираат од АМСМ.

Поврзани новости