Во несреќа во автобус со туристи, за кои италијанските медиуми јавуваат дека се кинески државјани, едно лице загина, а 15 се повредени на автопатот меѓу Рим и Фиренца, соопштија пожарникарите.
Несреќата се случила во близина на градот Арецо, а учествувал автобус со 25 туристи, се вели во соопштението на пожарникарите на мрежата Х.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат дека автобусот удрил во заштитна ограда и дека шофершајбната му е уништена.
Според весникот „Кориере дела сера“, туристите се кинески државјани и патувале кон Фиренца.
❌ #Arezzo, incidente stradale sulla #A1, al km. 360 in direzione Firenze all’altezza di Badia al Pino: coinvolto un pullman con 25 turisti. Un deceduto, 15 feriti. Intervento #vigilidelfuoco in corso per estricazione feriti. Sul posto elicotteri Arezzo e Bologna [#4agosto 18.00] pic.twitter.com/fks6IJ8KXn
— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) August 4, 2024