Сообраќајка кај „Систина“- Специјалците биле случајно на лице место

by fokus

Сообраќајна несреќа што се случи утрово на улицата „Скупи“, после приватната болница „Сиситна“ кон скопската населба „Ѓорче Петров“, предизвика шпекулации и реакции во јавноста откако на местото на сообраќајката освен обична полиција беа забележани и специјалци.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, сообраќајката била пријавена утрово во 7.30 часот меѓу два автомобила „фиат“ и „фолксваген“. На местото на несреќата се уште трае увидот, па улицата е блокирана за сообраќај.

Сепак од МВР за „Фокус“ велат дека специјалците кои биле на местото на несреќата биле таму случајно, со оглед на тоа дека нивната база е во касарната „Ѓорче Петров“ па тоа ним им е секојдневна рута. -Не се работи за грабеж, специјалците се нашле таму случајно, се работи за обична сообраќајка, велат од МВР.

Поврзани новости