Сообраќајка кај Росоман, тешко повредена е 33-годишна кавадарчанка

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 14.25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано „Северова падина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(31).

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Поврзани новости