425
Денеска и утре од 8 до 15 часот привремено ќе има режим на сообраќај во дел од центарот на Скопје поради реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ односно машинско гребење на оштетениот асфалт, соопшти ЈП Улици и патишта-Скопје.
Како што соопшти претпријатието, привремениот режим на сообраќај ќе биде воведен на ул. „Даме Груев“ во насока од крстосницата со ул. „Димитрија Чуповски“ до ул. „Македонија“ и ќе биде обележан со соодветна сигнализација.
-Поради изведба на градежните активности ќе бидат затворени двете коловозни ленти, соопшти ЈП Улици и патишта-Скопје и апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат брзина на движење на условите на патот.