Сообраќаен режим во недела во Скопје

by fokus

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во недела (03.10.2021 година) во периодот од 07 до 14 часот на неколку градски улици и булевари ќе се воведе привремен сообраќаен режим, поради одржувањето на најмасовната спортска манифестација во нашата земја – Виз ер скопскиот маратон 2021.

Во овој временски период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: булевар Илинден, од крстосница со булевар Свети Климент Охридски до улица Љубљанска; затворена ќе биде улица Љубљанска; улица Московска; потоа булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, од крстосница со улица Московска; во продолжение улица Димитрие Чуповски; улица 11 Октомври до крстосница со булевар Крушевска република; булевар Крушевска република до крстосница со булевар Трета македонска бригада, булевар Трета македонска бригада ќе биде затворена од крстосница со булевар Крушевска република до улица Фрањо Клуз; потоа затворена ќе биде улица Фрањо Клуз и во продолжение булевар Јане Сандански во делницата од крстосница со улица Фрањо Клуз до булевар Србија.

Во истиот период ќе биде затворен и булевар Свети Климент Охридски и тоа од крстосница со улица Димитрие Чуповски до крстосница со булевар Илинден.

 

Поврзани новости