Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека има намера утре телефонски да разговара со рускиот и украинскиот колега, Владимир Путин и Володимир Зеленски.
– Се разбира, Русија нема да гледа позитивно на тие работи (приклучувањето на Шведска и Финска во НАТО). Русија, пред сè, е загрижена за финското прашање. Зошто? Затоа што ова е погранична земја и затоа не го поддржува членството на Финска во НАТО. Всушност, Русија не поддржува влез на ниту една скандинавска земја во НАТО, изјави Ердоган пред новинарите по враќањето од посетата на Азербејџан.
– Сонуваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши со мир што е можно поскоро, но се чини дека настаните се развиваат негативно од ден на ден, рече Ердоган.
– Во понеделник ќе имам телефонски разговори со (претседателот) на Русија и (претседателот) на Украина. Ќе продолжиме да ги повикуваме страните да ги користат каналите на дијалог и дипломатија, посочи турскиот лидер.