Сонцето одеднаш стана црвено – најчудната сцена за време на пожарот на Тасос

by Fokus

Големи пожари беснеат во различни региони на Грција, а последиците од огнената стихија се видливи на стотици километри.

На плажата на едно од најпопуларните летувалишта во Грција се чувствува мирис на чад, крпите се бели од пепелта што пристигнала носена од ветрот од далечина, а чадот се чувствува и во водата.

Неверојатна глетка беше кога облак чад го покри сонцето, а тоа наеднаш стана црвено.

Главните фронтови каде грчките пожарникари се борат со пламените јазици се во Евија, Самотраки, Макракоми и Родопи на истокот од земјата, а веќе петти ден се прават напори да го запрат пожарот во околината на градот Александрополис, кој се наоѓа на североистокот на Грција, во близина на границата со Турција.

Овој пожар е видлив и од островот Тасос, кој е оддалечен преку 150 километри по море.

Поврзани новости