СОНК требаше да издржи појако, вели Ристески

by Fokus

Јавно кажувам дека не е добро протестот во образованието да се прекине за само тие 2 отсто разлика, тоа не е добро за работниците,  истакна Марјан Ристески, претседател на Кофедерација на синдикални организации во емисијата Утрински брифинг.

„сосНе би го обвинил само СОНК туку и Владата кои треба посериозно да го сфатат штрајкот. И ние сме правеле протести и сме ги повикувале нашите членови да ги поддржат протестите што ги прават другите синдикати. Работниците се единствени. Но, кај некои синдикални лидери се чувствува дека има политика и сѐ додека има политика во синдикатите тие нема да бидат како во Европа. Секоја опозиција сака да си го присвои секој штрајк, но за тоа е виновна Владата која ги турка синдикатите во прегратки на опозицијата, вели Ристески.

Поврзани новости