488
Првиот училишен ден на новата учебна година ќе почне со предупредувачки штрајк на просветните работници. нкСамостојниот синдикат за образование, наука и култура донесе одлука на 2 септември, првиот учебен ден, да стапи во предупредувачки штрајк.
Одлуката на СОНК уследи по долгите и неуспешни преговори со Министерството за образование и наука и Владата околу процентот на зголемување на платата на просветните работници.
Владиното покачување од 5 проценти не ги задоволи синдикалците, кои бараат покачување од 25 отсто.