761
Претседателот на СОНК, Јоаким Неделков порача дека зголемување на платите треба да се случи и во образованието, во спротивно, ќе мора да се преземат ригорозни чекори.
„Дадовме разумен рок за усогласување на ставовите. До 15-ти март да ги испеглавме нашите барања и во мартовската плата да нема турбуленции. Доколку не дојде до тоа можен е генерален штрајк. Околу 30.000 вработени во образованието треба да им се зголеми платата, во однос на зголемувањето на минималната плата“, рече Неделков.