434
Одлуката за двосменско работење на градинките е добра, но е избрзана, бидејќи може да значи продолжување на работното време на воспитувачите“, реагираат од Синдикатото на образованието и науката.
Од таму предупредуваат да не се злоупотребува работното време на вработените во градинките заради воведувањето втора смена. Негувателките и воспитувачките да не се задржуваат во установите дополнителнителни работни часови да се грижат за децата и попладне и навечер зошто има недостиг на ваков кадар.
Од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура остануваат на ставот дека двосменското работење е избрзано и потребни се подетални анализи.