СОНК и МОН не се договорија, штрајкот продолжува

by Fokus

Денес разговаравме, но немаме добри вести за јавноста. Штрајкот ќе продолжи. Немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во одреден процент, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков после состанокот со Министерството за образование.

„Повеќе се зборуваше за продолжување на наставата и како ќе се надополнат часовите. Околу ова имаме исти став дека преговорите треба да се интензивираат. Од таа причина од МОН очекуваме да излезат со конкретен предлог и некаков допис како гаранции,  и наука околу прекинување на штрајкот и исполнување на барањата на просветните работници.

Сите сме расположени за прекин на штрајкот, но членството треба да одлучи околу таа одлука. Немаме добиено никаков предлог и не можеме да зборуваме за сума. Во правец на наставата се одвиваа разговорите. Ние сме со став дека не треба да се продолжи учебната година, може и во предвидениот рок да се надополнат пропуштените часови, рече Неделков.

Претседателот на СОНК додаде министерот Шаќири не знае колку ќе биде покачувањето на платите, но дека ветил дека ќе се зголемат.

 

Поврзани новости