575
Владата донесе одлука за ребаланс на Буџетот, со цел да се обезбедат пари за зголемување од 10% на платите во образованието.
Формирана е и работна група од надлежните министри со цел да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.
Ги повика СОНК да ги прифатат понудените 10 проценти, но синдикатот се уште размислува за ова.
Денеска на седница синдикатот ќе ги разгледува заклучоците, па ќе се произнесе, но во меѓувреме штрајкот продолжува.