356
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
UV индексот ќе има вредност 8.
Температурите ќе бидат повисоки од вчерашните, па утринските се движат во интервалот меѓу 12 и 20, додека соодветно максималните дневни ќе достигнат од 24 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје и во околината ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе достигне до 33 степени.