286
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има услови за повремен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 21 Целзиусов степен, а максималните ќе се искачат од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од минимални 20 до максимални 34 степени.
Во наредните денови следува период на стабилно време.
Во петок ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h) кој ќе услови пониска дневна температура, а во деновите потоа температурата ќе биде во постепен пораст.