117
Сончево време со мала до умерена локална облачност, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи за денешниот ден.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура ќе биде од 4 до 14 Целзиусови степени, а во текот на денот од 14 до 27 степени.
И во Скопје и околината денеска се очекува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе достигне до 27 степени.
За утре синоптичарите најавуваат постудено утро, а преку денот сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец