Сончево време со температура до 27 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините.

Ќе дува слаб до умерен ветер
претежно од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје наутро во делови од котлината магливо, а преку денот сончево со мала
локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 24 степени.

Поврзани новости