Сончево време со температура до 24 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне претежно во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Поврзани новости