270
Наутро свежо, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, велат синоптичарите за денешниот ден.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до +1, а максималната дневна ќе достигне од 11 до +17 степени.
Во Скопје и во околината се очекува сончево време со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде -3, а максималната ќе достигне до +15 степени.
Во следниот период се очекува стабилно време со пораст на дневните температури.