Сончево време со мала облачност

by Фокус

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени.

Во Скопје утрото ќе биде студено, а преку ден сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност.

Поврзани новости