Сончево време со мала до умерена локална облачност

by Fokus

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и претежно тивко.

Температурата во главниот град ќе се искачи до 22 степени Целзиусови, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура од 26 степени.

Во наредните денови, според УХМР, времето ќе биде стабилно и релативно топло време за овој период од годината.

Утрата ќе бидат постудени, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Од средината на работната недела ќе има услови за појава на утринска магла.

Поврзани новости