Сончево време со дневна температура до +20 степени

by Fokus

Денеска нè очекува сончево и натпросечно топло време за овој период од годината.

Според прогнозата на УХМР, во делови од земјата денеска температурата ќе достигне и до 20 Целзиусови степени.

Во текот на денот во делови од земјата ќе има мала локална облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 4 Целзиусови степени, а максималните ќе се бидат од 12 до 20 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде претежно сончево и тивко. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални -2 до максимални 14 степени.

Сончево и топло време се прогнозира и за наредните денови.

Поврзани новости