Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи.
По одделни котлини ќе има појава на магла, која во текот на денот ќе слабее. Утринската температура ќе биде од минус 4 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 9 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево, тивко и магливо. Наутро температурата ќе биде минус 2 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.
За утре од УХМР најавуваат променливо облачно и тивко време, а по котлините ќе има појава на магла.
Утринската температура ќе биде од минус 3 до 2 Целзиусови степени, а дневната од 8 до 14 Целзиусови степени.
Вo Скопје и утре времето ќе биде променливо облачно, магливо и тивко, а температурата ќе се искачи до 10 Целзиусови степени.