Сончево со умерена облачност, температурите кон 30 степени

by Fokus

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Попладне во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервалот од 24 до 31 Целзиусов степен.

Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе има вредност УВ=6.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе достигне до 28 степени.

Поврзани новости