Денеска времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура се движи во интервал од нула до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје се очекува слично време, наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура во главниот град ќе се спушти до седум, a максималната дневна ќе достигне до 24 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во следните два дена ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд во среда, по што ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури.