Времето денес во утринските часови ќе биде променливо облачно, во северните делови на земјата ќе има услови за локален дожд.
„Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ветровито и значително посвежо. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието и во источните делови, на повеќе места со брзина над 60 километри на час“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.
Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде понизок од претходните денови и ќе изнесува 8. ж
Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а максималните од 20 до 30 степени.
Во Скопје времето наутро ќе биде променливо облачно, а преку денот сончево со мала до умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец.