376
Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час.
Според синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 8.
Минималните температури ќе се движат од 10 до 21 степен, а максималните од 22 до 32 степени целзусови.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој од пладневните часови ќе засилува.