Времето денеска во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југозападните делови ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени Целзиусови.
Во Скопје и во околината, времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Во наредните денови, следува период на стабилно време со умерена облачност.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.