Сончево со температура до 29 степени

by Fokus

Сончево и топло време со мала до умерена облачност – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град. УВ-индексот ќе биде 6. Утринската температура ќе биде од 7 до 15 Целзиусови степени, а во текот на денот од 16 до 29 степени.

Во Скопје, времето денеска, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе биде од 13 Целзиусови степени наутро, до 26 во текот на денот.

За утре, според прогнозата на УХМР, се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во Скопје и утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови. Дневната темпертура утре ќе биде од 18 до 32 Целзиусови степени.

Поврзани новости