Сончево со температура до 25 степени

by fokus

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Според УХМР, од вторник до крајот на работната недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утринските температури ќе бидат повисоки, а дневните ќе бидат во опаѓање.

Поврзани новости