4
Денеска времето во земјава ќе биде наутро ведро и постудено, а преку денот сончево и топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус пет до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.
И во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи и во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, сончево и топло време за овој период од годината.