Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој претпладне вдолж Повардарието ќе биде повремено засилен и од северозападен правец, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 1 до 10 Целзиусови степени, а попладневната од 8 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Наутро температурата ќе биде 6 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.
Утре, според прогнозата на УХМР, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во попладневните часови, под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.
Во Скопје, утре, ќе биде променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.