292
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе биде од 3 до 7 Целзиусови степени, а попладне од 15 до 24 Целзиусови степени.
Во Скопје и во околината времето денеска ќе биде, сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер.
Температурата наутро ќе биде 6 степени, а попладне ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.
Утре, според прогнозите на УХМР, времето ќе биде облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови.