Сончево со мала до умерена облачност со температура до 14 степени

by Fokus

Претпладнево по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од недела следува период на тивко и релативно топло време.

Поврзани новости