Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во планинските региони. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степена.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Од УХМР најавуваат дека утре ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи и ќе започне да дува слаб до умерен северен ветер.
Од четврток ќе има претежно попладневна облачност повремено со услови за краткотраен пороен дожд со ретки грмежи, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.