Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне и во вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се движи од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
UV=6
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.
Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 33 степени.
Под влијание на циклонска активност од исток, следува период кога во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.