Сончево и ветровито со температура до 35 степени

by Fokus

Сончево со мала до умерена локална облачност – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска.

Вдолж Повардарието и во источните делови од земјата ќе дува умерен, а на некои места и засилен ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од околу 60 километри на час. Температурата наутро ќе биде од 10 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 25 до 35 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала облачност, а ќе дува и умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе биде 18, а дневната до 33 степени.

За утре се најавува претежно сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 9. Температурата утре ќе се движи од 27 до 38 степени.

Поврзани новости