425
Сончево и умерено облачно – вакво време нè очекува денеска во земјава.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а во крајните западни и источни делови од земјава ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 19 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 21 до 33 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево и умерено облачно со слаб ветер од северен правец со максимална температура од 31 степен.
Слично време се очекува и утре.