Сончево и топло време, во недела и понеделеник пад на температурите за 3 до 5 степени

by Fokus 19:00
19:00

Времето утре во земјава ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и во вечерните часови во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната од 32 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево и топло. Кон крајот на денот и во вечерните часови ќе има пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, во недела попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени, особено во северните делови.

Поврзани новости